Добротворен концерт „Срце за Јапонија“

По повод трагичниот земјотрес и катастрофалниот бран цунами што ја погоди Јапонија и предизвика големи страдања, како и огрoмна материјална штета,  Младинскиот културен центар ве поканува на голем добротворен концерт на македонската независна музичка сцена, „Срце за Јапонија“, на 23. 03 (среда)  2011, со почеток во 20:00 часот.

Влезницата за овој настан ќе изнесува 200 денари.

Средствата собрани од концертот ќе одат во добротворни цели за помош на Јапонија.

Ќе настапат следните изведувачи:

Во Денсинг салата 25 Мај ќе настапат:

– String Forces
– Mooger Fooger
– Љубојна
– Bernays Propaganda
– PMG Kolektiv
– Conquering Lion
– Девојка
– Сашко Костов
– Распеани Скопјани

Во фоајето
+ DJ’s: Мирко Попов, Нино Наумов, Гоце (САФ), Катерина Милескаја (pollux), Соња Исмаил, Тони Димитров (канал 103), Зоки Бејбе и Wish.co.

На 26 јули 1963 година, точно во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од девет степени по Мекралиевата скала или шест според Рихтеровата сеизмичка скала, силен земјотрес што го уништи градот, „однесе“ многу животи и остави семејства во жалост.

Според статистиката, точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнаа градот да се изгради повторно и поради тоа го носи епитетот „Градот на Солидарноста“. Затоа , ајде сите да бидеме солидарни и да му помогнеме на Јапонскиот народ.

Отворете ги вашите срца!

You May Also Like