Концерт на зајдисонце на Владимир Четкар во Охрид

На 20 Јули Владимир Четкар ќе настапи на плажата Бонанца во Охрид.

Концертот ќе почне во 19:00 часот, а гледачите освен во музиката ќе можат да уживаат и во прекрасното охридско зајдисонце.

Карти за концертот ќе се продаваат по симболична цена од 200 денари во Охрид на плажата Бонанца и ресторанот Белведере во центар, како и во Скопје во Чув Де Чув.

Владимир Четкар ќе настапи во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

фотограф: Миа Медаковиќ Топаловиќ

You May Also Like