Денот на пролетта ќе се одбележи во Зоо Скопје

Градот Скопје Ве поканува на традиционалното одбележување на Денот на пролетта и на екологијата, кое што е закажано за утре(19.03.2011 година, сабота) во Зоолошката градина.

Град Скопје
Град Скопје

Денот на пролетта Градот Скопје ќе го одбележи со низа активности според следнава агенда:

11:30 – 12:00 часот

– Настап на Градскиот дувачки оркестар и час по зоологија за учениците од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“;

12:00 часот

– Пристигнување на претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева

12:00 – 13:00 часот

– Засадување на 21 листопадна и 21 зимзелена садница, од страна на учениците од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Ѓорѓи Димитров“ и СУГС „Здравко Цветковски“;

– Засадување на цветна алеа од страна на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и

– Настап на фолклорната група од Детскиот културен центар „Карпош“

You May Also Like