Горан Бреговиќ го проследија 3000 гледачи на Хераклеа

Во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, викендов во амфитеатарот на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, во исклучителна атмосфера исполнета со над 3000 гости Горан Бреговиќ, со својот оркестар за венчавки и погреби направи незаборавна ноќ. Топло добредојде му посака градоначалникот Талески со кој заеднички го најавија големиот концерт.

Разиграна весела публика, многу музика од новиот албум на Бреговиќ и стари хитови како „Ружица си била“, „Месечина“, „Калашњиков“ и многу други. Покрај публиката, своето задоволство од публиката не го криеше ниту Бреговиќ и неговиот оркестар, кои покажаа импресионираност од битолската публика.

Во Битола, Бреговиќ пристигна после одржаниот концерт во Лондон.

Интервју со Горан Бреговиќ:

– Дали сте прв пат во Битола? – новинарско прашање

– Мислам да. – Горан Бреговиќ

– Дали претходно сте настапувале во еден ваков локалитет како што е Хераклеја?- новинарско прашање

Сум свирел во Грција во многу антички локалитети, тоа се секогаш необични концерти.

– Што ќе има на сцената,виски или? – новинарско прашање

Низ смеа Бреговиќ одговара: Незнам можеби ништо? Организаторите не дозволуваат алкохол, но ќе видиме, зависи.

Кога публиката повеќе ве разбира кога свирите дома или надвор, ја разбираат ли надвор балканската музика?

– Кај музиката нема што да се разбере, тоа не е нешто што му се допаѓа на мозокот, ако ви се допаѓа ви се допаѓа со темперамент, со срце…Човекот свирел музика пред да научи да зборува. Ако го зборуваш добро тој јазик што се вика музика, тогаш ја разбираш музиката. Сум свирел во Исланд, Австралија, Мексико, на Сибир…

Наоми Кембл беше во еден период во Битола никој не ја забележа, забележавте Вие убава девојка во Битола?

– Уште кога излегов на рецепција видов две убави девојки…

Ви се допаѓаат битолчанки?-новинарско прашање

– Јас мислам дека тоа е консензус, ако тоа е така се согласувам со Вас.

 

You May Also Like