Прослава на Меѓународниот ден на џезот во Битола

По повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола (УНЕСКО Клуб) организира концерт на Иван Иванов квартет. Сите вљубеници во овој музички правец се добредојдени на ова единствено музичко доживување во кафе бар Порта Џез во Битола, вечерва (вторник 30 април 2013 година), со почеток во 21:00 часот.

Настанот е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

Иван Иванов – тенор саксофон
Васил Хаџиманов – пијано
Кирил Туфекчиевски – контра бас
Алек Секуловски – тапани

Иван Иванов квартет е основан во мај, 2008 година после еден локален концерт во Грац, во периодот кога сите четворица музичари живеат во Грац и секојдневно свират jam session.  Со својата музика составот Иван Иванов квартет, предводен од саксофонистот Иван Иванов, настапува на неколку концерти меѓу кои и Jazz Werkstatt Graz 2010 година, каде што наидува на добар прием од публиката и од критичарите.

Композициите и аранжманите на истите се на Иван Иванов кој за својата работа инспирацијата ја црпи од современите светски саксофонисти, поточно од целата денешна  New York  Jazz сцена и од истакнати џез имиња од типот на: Seamus Blake, Chris, Potter, Mark Turner, Eric Harland, Bred Mehldau…  Композициите звучат доста модерно и во нив силно се забележува интенцијата за следење на современите светски текови на џез музиката.

You May Also Like