Виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапи во рамките на Бит Фест на концертот на класична музика со кросовер стил со наслов АПАСИОНАТО во Битола утре вечер (среда, 11 јули) со почеток 20:00 часот, во концерната сала на битолскиот Завод и Музеј.
Концертот е дел концертна промоција на новиот албум Апасионато на нашата најкреативна македонска виолинистка Пламенка Трајковска. Албумот „Апасионато“ од неодамна е во продажба на најголемите музички онлајн продавници Амазон, Ајтунс и Цдбебе, а од јуни е достапен во продажба во Македонија преку дистрибутивната мрежа на Нова Македонија, Тобако, Тугедер и Југотон.
Пред битолската публика албумот „Апасонато“ ќе го претстави Пламенка Трајковска квартет во кој покрај Пламенка ке учествуваат Тања Силјановска, Билјана Југова и Александра Петковска. Самиот концерт претставува мултумедијална креација со специјално озвучување, видео бим, сценски движења и кореогрфија и има за цел доближување на класичната музика кај најшироката публика .
На концертот ке бидат поделени бесплатни цедиња со автограм на Пламенка Трајковска.