„Некои поинакви приказни“, омнибусот од пет кратки филмски приказни на млади режисерки од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, ќе биде прикажан на 59. Интернационален филмски фестивал Манхајм – Хајделберг во Германија, што се одржува од 11 до 21 ноември.
Филмскиот омнибус ќе биде прикажан како дел од програмата Интернационални откритија, соопшти Скопје филм студио.
За „Некои поинакви приказни“ резервирани се пет термини, во три различни кино сали во двата града. Македонската приказна од омнибусот, преку која се претставува Македонија и нејзината култура, во сите промотивни материјали на Фестивалот е потпишана со официјалниот јазик и име на државата.
„Некои поинакви приказни“ пред Манхајм – Хајделберг, беше прикажан на петнаесеттина други гестивали, меѓу кои и во Монтреал, Варшава, Ваљадолид, Сиднеј, Атина, а следни дестинации се Каиро, Гоа и Гетеборг.