„Фејсбук“ планира да покрене нов модерен систем на пораки, објави основачот на најпопуларната социјална мрежа Марк Зукерберг на прес-конференција во Сан Франциско.
Зукерберг истакна дека преку „Фејсбук“ секој ден се испраќаат над четири милијарди пораки. Тој со новинарите го подели мислењето дека модерните пораки се неповрзани, неформални, директни, лични, едноставни и куси. „Тоа не е и-мејл“, рече основачот на „Фејсбук“.
„Фејсбук“ на сите корисници ќе им додели facebook.com и-мејл адреси.
Социјалната мрежа која ја користат над половина милијарда луѓе ќе има интегриран „social inbox“, а кој ќе содржи систем за комуникација на сите начини, од текстуални пораки до чет и и-мејл.
Зукерберг рече дека е-маилот не е наједноставен начин на комуникација и дека преку новиот „Фејсбук“ сервис испраќањето пораки ќе се поедностави.