Струга отсекогаш била пример за добри односи меѓу етничките заедници
Со цел да се изнајде заеднички јазик меѓу различните етнички заедници во Струга, но и да се создаде подобро место за живеење на сите етникуми, во Струга се одржа првата од вкупно три дебати на тема „Единство во различноста“.
Целта на дебатите е да се зајакне довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи во општина Струга.
Професорот од Теолошкиот факултет во Скопје, отец Стефан Санџакоски рече дека немањето доверба помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница е главна причина зошто во Македонија ни се случуваат проблеми од верски карактер.
Тој ги повика лидерите на двете најголеми верски заедници во земјава почесто да се среќаваат и заеднички да ги решаваат сите отворени прашања.
И претсавникот на ИВЗ теологот по исламски науки Јусуф Исмаили повикува да престане мешањето на политиката во верските прашања.
На трибината беше речено дека Струга од секогаш била пример за соживот помеѓу Албанците и Македонците и останатите етнички зедници и затоа треба и во иднина да се развива во тој правец.