„Јас Сум Четвртиот“
Почеток на претставите: 20:00; 22:30 часот
Наслов на филмот: „Јас Сум Четвртиот“
Наслов на оригиналот: “I Am Number Four”
Жанр: Акција, трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 109 минути
Режија: Д.Ј. Карусо
Улоги: Alex Pettyfer, Timothy Olyphant, Dianna Agron
Содржина: Постојат 9 необични тинејџери со „посебни моќи“ на различни континенти низ светот. Некој сака да ги убие сите. Тројца се веќе мртви, тој е следниот, тој е четвртиот. Џон Смит (Alex Pettyfer) е во постојано бегство од немилосрдните непријатели кои се испратени да го убијат. Џон постојано е новото момче во училиштето без никакви врски со минатото, го менува идентитетот и се сели од еден во друг град со неговиот старател Хенри ( Timothy Olyphant). Во малечкиот град Охајо, кој сега го нарекува свој дом, на Џон му се случуваат неочекувани нешта кои му го менуваат животот – неговата прва љубов (Dianna Agron), нови способности, поврзување со останатите кои ја споделуваат неговата неверојатна судбина.
Режисерот Д.Ј. Карусо (“Eagle Eye”, “Disturbia”) и продуцентот Мајкл Беј(“Armagedon”. “Pearl Harbor”, “Transformers”) се динамичното дуото кое се потпишува зад оваа акциона авантура која полека но сигурно го освојува светот. Американскиот бокс офис го пласира „Јас сум четвртиот “ како свеж пролетен хит.
______________________________________________
„ Битка: Лос Анѓелес “
Почеток на претставите:
Од понеделник до петок 13:00; 17:30 часот;
Сабота и недела 15:00; 17:30 часот
Наслов на филмот: „ Битка: Лос Анѓелес “
Наслов на оригиналот: “Battle: Los Angeles “
Жанр: Акција, Трилер
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 116 минути
Режија: Јонатан Либесман
Улоги: Арон Екхарт, Мичел Родригез
Со години низ светот постојат документирани случаи на забележување на “неидентификувани летечки објекти”. Во 2011 еден од овие случаи ќе стане сурова реалност , Земјатаќе биде нападната од мистериозни вонземски сили. Големите светски градови се поразени, а Лос Анѓелес е последната одбрамбена линија. Наредникот Мајкл Ненц (Арон Екхарт) и неговиот вод Маринци се последната линија на отпорот која ќе му каже НЕ на непријател каков што никогаш не сретнале.
Битка:Лос Анѓелес е научно-фанастичен акционен филм инспириран од теоријата за „Големиот воздушен напад врз Лос Анѓелес“ за време на Втората светска војна. Во осумдесетите, неколку теории на заговор го препишуваат “нападот” на вонземјани, но владата го карактеризира целиот настан како “воена параноја”.
Режијата е на Јонатан Либесман (Соба за убивање, Тексашки масакр со моторна пила:Почеток), а играат : Арон Екхарт познат по филмовите Бетмен: Темниот витез, Наплата,Црната Далиа како и Мичел Родригез (СВАТ, Аватар, Дежурно Зло) и мултиталентираниот изведувач Не-Јо. Mоментно број 1 на листата на најгледани филмови на box office. Потенцијално најгледаната акција за оваа година, спасот на човештвото во рацете на неколку храбри луѓе.
_________________________________________
„Г-дин Никој”
Почеток на претставите Од понеделник до петок во 15:00 часот
Европски филм
Наслов на филмот: „Г-дин Никој”
Наслов на оргиналот: “Mr. Nobody ”
Жанр: Драма, Романса
Земја на потекло: Канада, Белгија, Франција
Времетраење на филмот: 141 минути
Режија: Jaco Van Dormael
Улоги: Jared Leto, Sarah Polley, Diane Kruger
Содржина:
Nemo Nobody е 117 годишен старец во 2092 година кој покрај тоа што е најстар жител на земјата, е и последниот човек кој може да умре од природна смрт. Додека човештвото е во исчекување дали Nemo ќе умре или не, еден новинар доаѓа до интервју со него, во кое Nemo се враќа наназад во времето и му раскажува за своите животи. Добро прочитавте, животи, множина.
Nemo Nobody е посебно дете. Се разликува од другите деца по тоа што е свесен за последиците од неговите избори. Затоа, тој одлучува да не избира ништо. Но како е можно Nemo да ги живее сите тие животи во исто време?
_________________________________________
„ Mars Needs Moms “
Почеток на претставите: Сабота и Недела:11:00; 13:00 часот
Наслов на филмот: „На марс му требаат мајки”
Наслов на оригиналот: „ Mars Needs Moms “
Жанр: Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 88 мин.
Режија:Симон Велс
Улоги: Сет Грин, Џоен Кјузак, Ден Фоглер, Минди Стерлинг
Содржина:
Фрли го ѓубрето, јади салата, исчисти си ја собата, кому му требаат мајки?. Деветгодишниот Мило (Сет Грин) ќе сфати колку навистина му е потребна неговата мајка кога таа ќе биде киднапирана од МАРСОВЦИ кои грабнуваат мајки од Земјата за да им ги израснат децата. Тука почнува вонземската авантурата на Мило за да ја спаси мајка му од Марсовците и нивниот лидер ( Минди Стерлинг). Со помош на Грибл (Ден Фодлер) и бунтовната Марсовка Ки (Елизабет Харноис) Мило се бори да стигне до својата мајка – на овој или на оној начин.
Режијата е на Симон Велс (На Марс му требаат мајки, Временска машина, Принцот од Египет) кој е воедно и сценарист заедно со авторот на книгата „На Марс му требаат мајки“. Гласовите ги позајмуваат познати холивудски ѕвезди како Сет Грин, Џоен Кјузак, Ден Фоглер, Минди Стерлинг.
_________________________________________
Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.
Се гледаме во Градско кино МИЛЕНИУМ