Најмасовната детска организација во југоисточниот дел од Македонија, Детскиот фолклорен ансамбл при Домот на културата 25-ти Мај Валандово, утре (недела, 12 јуни 2011 година) со почеток во 19:30 минути, ќе одржи гала концерт по повод 15 годишниот јубилеј од своето постоење.
Манифестацијата ќе биде збогатена и со создавање на македонски рекорд во изведба на кореографиите „Тресеница“ и „Зејтин оро“ од страна на 250 играорци – членови на Детскиот фолклорен ансамбл, како и со поставување на својата стота кореографија или поставка на репертоарот.