Тековен репертоар во Градско кино Милениум

Од петок (17.06.2011) нов филм на репертоарот на Градско кино Милениум. Еве што можете да погледнете на програмата:

„Јас сум Четвртиот“

Почеток на претставите       20:00 и 22:30 часот

Наслов на филмот: „ Јас сум Четвртиот“

Наслов на оригиналот:  “I Am Number Four”

Жанр:    Акција, трилер
Земја на потекло:    САД
Времетраење на филмот:    109  минути

Режија: Д.Ј. Карусо

Улоги:  Alex Pettyfer, Timothy Olyphant, Dianna Agron

Содржина:

Постојат 9 необични тинејџери со „посебни моќи“ на различни континенти низ светот. Некој сака да ги убие сите. Тројца се веќе мртви, тој е следниот, тој е четвртиот. Џон Смит (Alex Pettyfer) е во постојано бегство од немилосрдните непријатели кои се испратени да го убијат. Џон постојано е новото момче во училиштето без никакви врски со минатото, го менува идентитетот и се сели од еден во друг град со неговиот старател Хенри ( Timothy Olyphant). Во малечкиот град Охајо, кој сега го нарекува свој дом, на Џон му се случуваат неочекувани нешта кои му го менуваат животот – неговата прва љубов (Dianna Agron),  нови способности, поврзување со останатите кои ја споделуваат неговата неверојатна судбина.

Режисерот Д.Ј. Карусо (“Eagle Eye”, “Disturbia”) и продуцентот Мајкл Беј(“Armagedon”. “Pearl Harbor”, “Transformers”) се динамичното дуото кое се потпишува зад оваа акциона авантура која полека но сигурно го освојува светот. Американскиот бокс офис го пласира „Јас сум четвртиот “ како свеж пролетен хит.

__________________________________________________

„Битка: Лос Анѓелес“

Почеток на претставите

Од понеделник до петок 13:00 и 17:30 часот
Сабота и недела 15:00 и 17:30 часот

Наслов на филмот: „Битка: Лос Анѓелес“

Наслов на оригиналот:   “Battle: Los Angeles”

Жанр:    Акција, Трилер
Земја на потекло:    САД
Времетраење на филмот:    116  минути
Режија: Јонатан Либесман

Улоги:   Арон Екхарт, Мичел Родригез

Содржина:

Со години низ светот  постојат документирани случаи на забележување на “неидентификувани летечки објекти”. Во 2011 еден од овие случаи ќе стане сурова реалност , Земјата ќе биде нападната од мистериозни вонземски сили. Големите светски градови се поразени, а Лос Анѓелес е последната одбранбена линија. Наредникот Мајкл Ненц (Арон Екхарт) и неговиот вод  Маринци се последната линија на отпорот која ќе му каже НЕ на непријател каков што никогаш не сретнале.

„Битка:Лос Анѓелес“ е научно-фантастичен акционен филм инспириран од  теоријата за „Големиот воздушен напад врз Лос Анѓелес“ за време на Втората светска војна. Во осумдесеттите, неколку теории на заговор го препишуваат “нападот” на вонземјани, но владата го карактеризира целиот настан како “воена параноја”.

Режијата е на Јонатан Либесман (Соба за убивање, Тексашки масакр со моторна пила:Почеток), а играат : Арон Екхарт познат по филмовите Бетмен:Темниот витез, Наплата,Црната Далиа како и Мичел Родригез (СВАТ, Аватар, Дежурно Зло) и мулти талентираниот изведувач Не-Јо.

Mоментно број 1 на листата на најгледани филмови на box office. Потенцијално најгледаната акција за оваа година, спасот на човештвото во рацете на неколку храбри луѓе.

__________________________________________________

„Г-дин Никој“

Почеток на претставите

Од понеделник до петок во 15:00 часот
Европски филм
Наслов на филмот:„Г-дин Никој“

Наслов на оргиналот:   “Mr. Nobody”

Жанр:    Драма, Романса
Земја на потекло:    Канада, Белгија, Франција
Времетраење на филмот:    141  минути

Режија: Jaco Van Dormael
Улоги:  Jared Leto, Sarah Polley, Diane Kruger

Содржина:

Nemo Nobody е 117 годишен старец во 2092 година кој покрај тоа што е најстар жител на земјата, е и последниот човек кој може да умре од природна смрт. Додека човештвото е во исчекување дали Nemo ќе умре или не, еден новинар доаѓа до интервју со него, во кое Nemo се враќа наназад во времето и му раскажува за своите животи. Добро прочитавте, животи, множина.

Nemo Nobody е посебно дете. Се разликува од другите деца по тоа што е свесен за последиците од неговите избори. Затоа, тој одлучува да не избира ништо. Но како е можно Nemo да ги живее сите тие животи во исто време?

__________________________________________________

„Мечето Вини“

Почеток на претставите

Сабота и Недела: 11:00 и 13:00 часот

Наслов на филмот: „Мечето Вини“

Наслов на оригиналот:    “Winnie the Pooh”

Жанр:    Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло:     САД
Времетраење на филмот:    69 мин.
Режија: Stephen J. Anderson, Don Hall
Улоги:  Jim Cummings, Craig Ferguson и John Cleese

Содржина:

Едно утро мечето Вини дознава дека нема веќе мед. Кога ќе излезе во потрага по мед, тој го пронаоѓа магарето кое што си ја загубило својата опашка. Вини и магарето бараат помош од бувот за да ја пронајдат опашката. Кога тоа ќе го дознае Кристофер Робин тој веднаш ќе одржи натпреварување за да му се направи нова опашка на магарето и победникот да биде награден.

Следниот ден, кога Вини оди да го посети Кристофер Робин тој пронаоѓа порака во која пишува „Имам работа. Се враќам наскоро“. Неможејќи да ја прочита, Вини го замолува бувот да им ја прочита пораката на животните. Тој погрешно ќе ја дешифрира пораката и така сите ќе бидат убедени дека Кристофер Робин бил изеден од свирепо суштество по име Бексон. Животните прават стапица за да го уловат Бексон, но тие самите се заглавуваат во неа.

Во меѓувреме тигарот го подучува магарето за да стане како него, но магарето му објаснува дека чудесната работа кај тигрите е тоа што тој е единствениот. Прасето се обидува да ги извади животните од стапицата, но не успева бидејќи е многу исплашено. Вешто, мечето Вини ќе ги искористи зборовите од книгата со приказни за да направи скала, така што сите ќе можат да се извлечат.

Подоцна, мечето Вини го посетува бувот и дознава дека тој ја зел опашката и ја користел како јаже за ѕвончето на неговата врата. Наместо да седи и јаде мед кај бувот, Вини веднаш оди кај магарето. Кристофер Робин, горд на добрите постапки на мечето Вини го наградува со сад полн со мед.

__________________________________________________

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.

Градско  кино МИЛЕНИУМ

You May Also Like