Кристина Пулејкова: Мојата генерација без оглед каде живее, е инспирирана од исти нешта

Вчера вечер (четврток, 19 декември 2019), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се отвори изложбата „Свадбен пат“ на младата авторка Кристина Пулејкова.

Пулејкова е уметница, која по завршувањето на средното уметничко „Лазар Личеноски“, продолжува со своето образование вон Македонија, а изминатите неколку години, твори и функционира во Лондон, Велика Британија.

По изложбата во 2016 година во Музејот на современата уметност (МСУ), ова е нејзин втор поголем проект со кој се претставува пред македонската публика.

Кратко пред самото отворање на изложбата, направивме кратко видео интервју со неа, во кое разговараме за самата изложба, македонската уметност и за нејзините гледања и раст како артист.

 

Автор, фото и режија: Александар Ристевски

ковер фото: kristinapulejkova.com веб страна

You May Also Like