„Свадбен пат“ на Кристина Пулејкова отворена за скопската публика

Синоќа (четврток, 19 декември), пред скопската публика беше отворена изложбата „Свадбен пат“ на младата уметница, Кристина Пулејкова.

Во објектот Чифте амам, со срцето на старата скопска чаршија, пред голем број посетители, Кристина се претстави со својата приказна за европската јагула и најзиниот пат, како и проблемот кој го има македонската јагула од Охридското езеро. Навистина интересен концепт и убав приказ олицетворен во едно уметничко дело.

Изложбата скопската публика ќе може да ја проследи секој ден освен понеделник до 10 до 18 часот, во Чифте амам, заклучно со 10 јануари.

You May Also Like