Францускиот културен центар со низа настани оваа недела

Францускиот културен центар од Скопје организира „Празник на науката и културата“ и, по тој повод, предлага неколку културни и педагошки активности:

– Свечено отворање на изложбата„Наука/фантастика: патување во центарот на живиот свет“, во среда 19 мај 2011, со почеток во 20:30 минути, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, која свечено ќе ја отворат г-ѓа Маја Крстевска, Директорка на Националната галерија на Македонија и Неговата Екселенција г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција.

– Предавања – дебати на тема „Денешните предизвици на науката“, кои се можност за дискусија со еминентни француски научници, в петок, 20 мај 2011, во 12:00 часот, во Амфитеатарот при Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

– Работилници со студентите од Институтот за физика при Природно – математичкиот факултет во Скопје во четврток 19 мај 2011 год.

You May Also Like