Автокино на паркингот кај СЦ Борис Трајковски од петок

Oд 20 мај петок, од 22:30 часот, Кино Милениум ја најавува светската премиера на култниот серијал „Пиратите од Карибите 4“ на паркингот на спортскиот центар Борис Трајковски, на огромно кино платно (16 х 7 метри), и 35 милиметарски кинопроектор, а со тоа и АВТОКИНОТО на граѓаните на Скопје и Македонија.


Скопје ќе ја има честа, заедно со останатите светски метрополи да биде дел од светската премиера на овој култен серијал. Влезот ќе чини симболични 100 денари за возило. За ваквата премиера на отворено, веќе е добиена специјална дозвола од продуцентот на филмот, компанијата Дизни, што не е честа практика, за што, со Кино Милениум биле водени повеќемесечни преговори.

You May Also Like