Македонски Телеком и T-Mobile Македонија спроведоа повеќе активности за збогатување на содржините во Зоолошката градина – Скопје. На огромно задоволство на сите млади посетители, Т-Home и T-Mobile донираа средства со кои Зооолошката градина ќе набави ново вовче. Вовчето ќе се намени за превоз на дечињата кои ќе можат организирано да се возат и да се едуцираат за сите животни- жители на ЗОО – Скопје.
За сите посетители – вљубеници во виртуелните доживувања и брзиот интернет, Македонски Телеком и T-Mobile поставија Hotspot локации низ Зоолошката градина. За првпат во историјата на Зоолошката градина, граѓаните ќе имаат можност секојдневно во живо да ги гледаат акробациите на гибоните на www.web.maxtv.mk
„За успешно одржување на Зоолошката градина е потребна посветеност, соработка и помош од институциите но и од бизнис заедницата. Токму затоа, Македонски Телеком и T-Mobile како општествено одговорни компании, ја поддржуваат Зоолошката градина. Со нашата донација, ние не донираме и вложуваме само за модернизирање на Зоолошката градина, туку го правиме ова катче попријатно место за посетување, забава и дружење, во кое се надевам ќе уживаат сите посетители.“ – изјави г-нот Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Mobile Македонија.
Сите млади посетители ќе имаат можност да ја проследат специјално создадената детска театарска претстава и да дознаат повеќе за жителите на Зоолошката на несекојдневен начин. За сите оние кои нема да бидат во можност во живо да ја проследат претставата, ќе биде поставена во ТВ архивата на Маx TV.
За да им овозможи на поголем број луѓе и на своите корисници да присуствуваат на ова саботното случување, Македoнски Tелеком и T-Mobile ќе подели околу 2000 бесплатни влезници преку различни медиумски емисии во живо, преку Фејсбук, како и на невладини организации што работат со деца.
„Среќни сме дека постојат компании кои секојдневно ни излегуваат во пресрет и ни помагаат во создавањето на повеќе од пристоен простор за сите жители на оваа зоолошка, а и за сите наши посетители. Направивме многу, а разликата е евидентна денес во споредба со само неколку години назад. Благородноста, енергијата и едукацијата која овој простор им ја овозможува на најмладите, треба да се негува и да се одржува, а благодарение на ваквите компании како Македонски Телеком и Т-Мобиле ние сме поуспешни во ова“– додаде претставникот на Зоолошката градина, г-динот Дане Кузмановски.
___________________________________________________
Фактографија
• Донацијата на Т-Home и T-Mobile ќе донесе ново и модерно вовче за забавна прошетка на сите млади посетители на ЗОО – Скопје
• На 4 Јуни оваа година вработените од двете компании, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија организираа волонтерската акција, за разубавување на просторот во Зоолошката градина, преку цртање на графити на ѕидовите и садење на цвеќе.
• Во Зоолошката градина се поставени неколку HotSpot локации кои ја покриваат со бесплатен интернет речиси целата нејзина површина.
• Компаниите поделија околу 2000 бесплатни влезници за децата од домот за деца без родители „11 Октомври“, на невладини организации кои работат со деца, преку радио и ТВ емисии, но и преку забавните страници на МКТ и ТММК на социјалната мрежа Facebook
• Почнувајќи од денес, 16.6.2011 година, за прв пат граѓаните ќе можат во во живо да го следат живеалиштето на гибоните само на www.webmaxtv.mk.
• На 18 и 25 Јуни (со почеток во 11:30 часот и попладневниот термин во 14:00 часот) посетителите на Зоолошката градина ќе имаат несекојдневна можност да ја проследат специјално осмислената театарска претстава.
• За сите оние кои нема да бидат во можност во живо да ја проследат претставата, истата ќе биде поставена во ТВ архивата на Маx TV.