Почна реконструкцијата на оградата на мостот Гоце Делчев

Град Скопје денеска (11.04.2011 година) ја почна реконструкцијата на оградата на мостот „Гоце Делчев“. Почетокот на работите го означи градоначалникот Трајановски.

– Според проектот, старата ограда на мостот ќе се демонтира во вкупна должина од 600 метри (4 пати по 150 метри). Новата ограда на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде изработена од цевкасти профили (Ф 32 – 60 милиметри), а ќе ја составуваат 144 монтажни елементи со должина од 3,6 метри и височина од 1,2 метри, коишто ќе бидат поврзани со столпчиња. На столпчињата на надворешните огради на мостот ќе се монтираат вкупно 26 канделабри (по 13 од секоја страна). Контурите на мостот ќе ги нагласуваат рефлектори за амбиентално осветлување – рече градоначалникот Трајановски.

За реконструкцијата на заштитната ограда на мостот „Гоце Делчев“, Градот Скопје ќе потроши 22,5 милиони денари. Поставувањето на новата ограда треба да заврши за 90 работни дена.

Идејното решение за оградата на мостот „Гоце Делчев“ е на авторите Михајло Дранговски и Јован Радевски.

You May Also Like