„Зелен саем“ во Гевгелија

Проектот „Ден со природата“ во чест на Светскиот Ден на планетата земја.

Децата од проектот „Ден со природата“ во организација на Фондацијата „Аполонија“, а во заедничка соработка со Матичната библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија вчера организираа „Зелен саем“ на ракотворби, детски цртежи, литературни и поетски дела и фотографии.Настанот е организиран по повод Светскиот Ден на планетата земја.

Со изложување на свој штанд и изложба на документирани освојувања на планински врвови во Македонија и Европа се претставија и членовите на Планинарското друштво „Кожув“ од Гевгелија.

Симболични награди за најдобрите ликовни и литературни остварувања на учесниците обезбеди организаторот на “ Зелениот саем”, а воедно и благодарници за учество на првиот зелен еко саем во Гевгелија.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like