Издавачката куќа “Mагор” со промоција на македонско издание на романот “Амам Балканика” на Владислав Бајац за кој ја доби престижната награда “Балканика”.
Популарниот српски писател Владислав Бајац ќе биде гостин на претстојниот Саем на книгата и ќе присуствува на промоцијата на македонското издание на неговиот роман „Амам Балканија“ за кој ја доби престижната награда „Балканика“ за најдобра книга објавена на Балканот за 2007 година и за 2008 година.
Романот „Амам Балканија“ доби одлични критики за возбудливо промислената приказна, која се случува во две историски времиња – во 16 век и во сегашноста, а нејзините јунаци се распнати меѓу два идентитета. Хероите во оваа проза се Мехмед-паша Соколовиќ, писателите Орхан Памук, Ален Гинзберг, но и самиот автор Бајац. Книгата на Бајац на македонски јазик ја објави „Магор“, издавачка куќа од која доаѓа и новиот претседател на Здружението на издавачи и книжари на Македонија – кое, пак, го организира саемот – Горјан Лазаревски.
Во претседателството на Здружението од годинава се уште неколку млади издавачи и книжари, меѓу кои Дејан Павлески од издавачката куќа „Матица македонска“ и Бојан Саздов од „Три“, што ветува нова енергија, освежување и модернизирање на Здружението.
Автор: Љубица Поповска