Скопската зоолошка градина наскоро добива два слона и четири шимпанза

По повеќе од 26 години, Зоолошката градина во Скопје ќе добие два слона.

Се работи за женки, едната африканска, а другата азиска, кои од Белгија треба да пристигнат кон средината на месец август.

Азискиот слон е најголем од неговиот вид во Европа, како што информираат од Зоолошката. Слоновите откако ќе пристигнат, 21 ден ќе бидат во карантин во нивното живеалиште.

На почетокот на септември се предвидува отворање на живеалиштето, кое е направено по стандардите на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕАЗА).

Кон крајот на септември во Зоолошката градина треба да простигнат четири шимпанза, меѓу кои е и шимпанзото Коко кој беше на скоро 10 години на рехабилитација и ресоцијализација во Холандија.

Од Зоолошката градина најавуваат дека ќе продолжи обновата и реконструкцијата на објекти, и дека ќе се донесат и други езгзотични животни.

You May Also Like