Државната награда „Мајак Тереза“ во рацете на Есма и Детскиот театарски центар

Државната награда „Мајка Тереза“, Министерството за култура за 2012 година им ја доделува на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје и Детски театарски центар од Скопје.

Одлуката за добитниците ја донесе Одборот за доделување на наградата „Мајка Тереза“, под претседателство на академик Витомир Митевски, информираат од страна на Министерството. Наградите ќе им бидат врачени в недела во 12:00 часот во Дом на АРМ-Скопје.

Државната награда „Мајка Тереза“ се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

You May Also Like