Другарка за морскиот лав Кан и шимпанзото Коко со пријателите пристигнуваат во Зоолошката

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот.

Новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија.

Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија.

Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни. Целта е оваа година Зоолошката да влезе во ЕАЗА ( Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми).

Мај и јуни ќе бидат месеците во кои Зоолошката треба да добие зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено се одвива изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан.

You May Also Like