Не денешен ден (8 јануари 2018) на 80-годишна возраст во Тирана почина Павли Борис Никола, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија.
Роден е во селото Врница, област Голо Брдо, каде завршил основно образование, а потоа се дообразувал и работел воглавно во Тирана.
Со неговите дела и активност помогна многу во негувањето на македонските обичаи, фолклор, традиции и нивното пренесување кај помладите генерации на Македонци во Република Албанија.
Иако целиот свој живот го минал надвор од родното село, тој никогаш не го заборавил, често доаѓал да го посети.