Скопската Зоолошка градина бара волонтери

Ви го презентираме во целост соопштението на ЈУ Зоолошка градина – Скопје , кое сметаме дека кај добар дел од вас ќе побуди интерес. Можност и вие активно да се вклучите  во работата на истата и да придонесете истата да го продолжи својот нагорен тренд на работа, кој го имаше во изминатите година-две.

Досегашните пофалби критики и сугестии нам ни беа двигател за продолжување на зацртаните планови и програми за надградување на зоолошката градина и подигање на повисоко ниво како јавна установа во која посетителите можат да се едуцираат, рекреираат и забавуваат.

•  Зоолошката градина од Скопје има потреба од ангажирање на волонтери кои би помогнале во понатамошниот развој . Пожелно е волонтерите да бидат со предзнаење од областа на Биологијата и Ветерината . Сите заинтересирани за подетални информации може да се информираат во просториите на Зоо Скопје кај Милошевски Јорданчо Биолог – кустос , Стаменов Татјана – едукатор и Левајковиќ Весна – ДВМ .

•   Зоолошката градина од Скопје има потреба од ангажирање на волонтери за еко – патроли кои би помагале за време на викендите преку опоменување на посетителите да не им даваат храна животните, да се однесуваат според начелата за однесување во зоолошката градина кои се истакнати на информативна табла бидејќи за време на викенд има најголем број на посетители,

•  Заинтересираноста на посетителите здруженија и фирми кај нас вродија идеа за нивна по континуинирана активност и вклученост. Поради тоа АПЕЛИРАМЕ секој според своите интереси и афинитети да пројави желба за активна вклученост во оплеменување на живеалиштата и нивната околина со донирање на растителни видови доколку ги поседуваат, а не им требаат и тоа по можност од следниве декоративни растителни видови.

Anturium andreanumАнтуриум
Begonia semperflorensБегонија
Brassica oleraceaДекоративна зелка
Calendula officinalisНевен
Chrisanthemum multifloraХризантема
Lavandula nanaЛаванда
Petunia hybridaПетунија
Primula vulgarisЈаглика
Rosmarinus officinalisРузмарин
Verbena hybridaВербена
Viola tricolorЉубичица
Vinka majorВинка
MonsteraМонстера
PhilodendronФиладендрон
Alocasia amazonicaАлокасија
CalatheaКалатеа
Cyclamen persicumЦиклама
DendrantemaХризантема
Dracena fragransДрво  на животот

You May Also Like