Доделени клучевите од станот – најголемата добивка од играта на среќа СРЕЌНИ ВЕСТИ на Државна лотарија на Македонија, реализирана во соработка со дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник.
Со прес конференција одржана денес (среда, 18.03.2012) во хотелот Александар Палас, во присуство на претставници на медиумите, менаџментот на Државна лотарија на Македонија и Македонија Принт Македонија го најавија стартот на заедничниот проект под името СРЕЌНИ ВЕСТИ. Денес, по 4 месеци од стартот со настанот организаран по повод доделување на клучевите од станот, успешно го комплетираме сето она што како цел си го зададовме на почетокот на овој проект.
Експрес лозот Среќни вести со симбол детелинка со четири листа осамна во изданијата на дневните весници на Дневник, Вест и Утрински весник, од 19 март годинава. Лозот изминативе 4 месеци беше залепен на секој примерок од дневните весници Дневник, Вест и Утрински, а во него се криеја стокови добивки меѓу кои: ЛЦД телевизори, ДВД плеери, фотоапарати, соковници, телефони и други апарати за домаќинство, како и вредносни ваучери од Тинекс и бесплатни месечни претплати на дневниците Дневник, Вест и Утрински и на неделникот Теа Модерна. Покрај бројните помали стокови добивки, обезбедени беа и специјални добивки – 15 автомобили Цитроен Ц1 за кои се извлекуваше секој понеделник во емисијата Џамбо Бинго, како и за станот во Скопје.
Специјалните – 15те автомобили Цитроен Ц1 се возат по еден во Берово, Велес, Охрид, Прилеп, Македонска Каменица, Раштак и осум во Скопје, секој поединечно извлечен во емисијата Џамбо Бинго.
Во понеделник, на 9ти јули го добивме идентитетот на главната премија – станот во Скопје, во 27мото коло на омилената семејна игра на Џамбо Бинго.
Само за потсетување, во самото извлекување учествуваа само недобитните лозови, а задачата на играчите беше во текот на една седмица да соберат 5 недобитни експрес лозови СРЕЌНИ ВЕСТИ и една недобитна Џамбо Бинго картичка (со потврда за уплата), да ги стават во стандарден коверт и да ги испратат на адреса на Државна лотарија на Македонија, Кеј Димитар Влахов, бб, со читко напишани податоци на испраќачот. Секој понеделник ковертите собрани во текот на една седмица учествуваа во извлекување за автомобил Цитроен – Ц1 со гратис каско што го доделува САВА ОСИГУРУВАЊЕ преку МК осигурување со франжиза од 500 евра. Првото извлекување с случи во емисијата Џамбо Бинго која се емитуваше на 26.03.2012 .
Последниот понеделник од траење на играта – на 9ти јули 2012, во емисијата Џамбо Бинго од сите пристигнати коверти се извлече главната премија- стан во Скопје. И покрај тоа што добитникот во својот коверт немаше Џамбо Бинго картичка, сепак МК Осигурување на Јовица Митиќ му додели полиса за домаќинско осигурување од САВА ОСИГУРУВАЊЕ.
Генералниот Директор на Државна лотарија на Македонија Владимир Бахчовановски денес ги додели клучевите од станот на Јовица Митиќ од Скопје, чиј коверт со пет недобитни експрес лоза СРЕЌНИ ВЕСТИ падна во рацете на Марјана при големото излекување кое во емисијата “Џамбо Бинго”, одеше во живо од пред aрената „Борис Трајковски“. Денес Јовица и официјално ги доби своите клучеви од својата среќна премија.
Експрес лозот СРЕЌНИ ВЕСТИ е втор во портфолиото на експрес лозови на Државна лотарија на Македонија, а осми во семејството на инстант лотаријата од почетокот на приредување игри на среќа од страна на Државна лотарија на Македонија.
Со новата динамична стратегија на делување Државна лотарија на Македонија за оваа година воведе 3 инстант производи кои се актуелни под имињата: Смајли, Среќни вести и најновиот од скоро- Твингоманија 2.
Новата динамика во работењето го зголеми и бројот на добитниците. Од добивките на игрите на среќа Џамбо Бинго и инстант лозовите само во оваа година доделивме вкупно 50 возила (43 автомобили и 7 скутери), Практично на секои 4 дена во оваа година се доделуваше по едно возило: 11 автомобили Поло од инстант лозот Среќни тркала, 15 Citroen C1 со Среќни Вести, доделивме 1 Сеат Леон во Зооавантура и 7 скутери во Смајли, 8 автомобили Рено Твинго од инстант лозот Твингоманија, а во играта Џамбо Бинго годинава доделивме 6 Пежо автомобили како Супер Џамбо добивка и по еден Сеат Мии и еден Волксваген Ап за Џек пот една и две линии. Оваа година покрај бројните поголеми и помали парични добивки го прославивме и четвртиот добитник на 7ка од играта на среќа НовоЛото 7/34 со што добивме нов милионер во Свети Николе.
Под слоганот ЗА ДОБРО, Државна лотарија на Македонија до сега на бројни семејства и поединци во нашата убава Македонија им го смени животот на добро, а како одговорен приредувач на игрите на среќа, од вкупната уплата на игрите на среќа оддвојува 4% за буџетот на Република Македонија од кој се финансираат општествено корисни цели.
Државна лотарија на Македонија – ЗА ДОБРО!
(Комерцијален текст)