Деновиве низ градот може да се забележат автобуси на Јавното Сообраќајно претпријатие- Скопје (ЈСП), префарбани во егзотични бои со логото на ЈУ Зоолошка градина – Скопје.
Соработката помеѓу овие две јавни институции под ингеренција на Град Скопје, покажува дека кога се има добра идеа и желба за соработка, нештата лесно се придвижуваат во интерес на граѓаните.
Зоо Скопје и во овие зимски месеци ве поканува да ја посетите, да уживате во прекрасната природа среде урбаната џунгла и да се дружите со нејзините жители.