Пијаното кое се претпоставува дека припаѓало на светскиот композитор Јоханес Брамс, пред неколку дена беше подарено на штипскиот Завод за заштита на спомениците на култура од Верица Јосифова Хорват.
Таа вели дека го купила пред 13 години од штипско семејство кое пак, го купило во Швајцарија. Претпоставката дека ова пијанино му припаѓало на светски познатиот музичар е резултат на плочката во внатешноста на која на 15.08.1888, Брамс се заблагодарува на фирмата која го изработила истото. Иако како дете седум години одела во музичко училиште, Верица никогаш не се занимавала професионално со музика.
Оваа старица живеела во Србија, Хрватска и Германија, а овде се враќа пред 18 години. Нејзин учител во младоста бил истакнатиот педагок, музичар и професор Сергеј Михајлов.
извор: Lokalno.mk