Во сабота во Скопје тестирање за Менса – Природната интелигенција мора да се негува

Во време на астрономски подем на вештачката интелигенција, не смее да се заборави на негување на природната. Здружението на граѓани со високо натпросечна интелигенција Менса Македонија в сабота организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови.

Тестирањето ќе се одржи во 11 часот во предавалната 123 на Машинскиот факултет-Скопје.

Сите лица со навршени 16 години што сакаат да се тестираат и да го дознаат својот коефициент на интелигенција може да добијат повеќе информации за пријавувањето на профилот на Менса Македонија на Фејсбук.

Тестирањето, кое ќе трае 20 минути, се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни.

Се користи ФРТ тестот за општа интелигенција, а долната граница за влез во Менса Македонија е коефициент од 131.

Менса има три основни цели: да ја одреди и промовира човековата интелигенција за доброто на човештвото, да поттикне истражувања за прородата, карактеристиките и употребата на интелигенцијата и да промовира стимулативни интелектуални и социјални можности за своите членови.

Менса Македонија постои од 4 декември 1999 година и над 100 члена.

Од илјадниците тестирани, во горните 2 отсто од светското население се квалификувале околу 900 лица.

You May Also Like