Руска телевизија сними документарец за шарпланинецот

Се наоѓаме во земјата на Мајка Тереза, Кирил и Методиј, Александар Македонски и на шарпланинскиот пес, вака е прикажана Македонија во документарниот филм посветен на шарпланинецот што ја емитуваше Руска национална телевизија.

Трагајќи по татковината на шарпланинскиот овчар, екипата на емисијата „Планета собок“ за автохтони раси кучиња пронајде долгогодишен одгледувач, кумановецот Владимир Крстевски кој говори за карактеристиките на македонската гордост- шарпланинцеот.

Руската телевизија на која беше прикажана приказната за македонскиот шарпланинец има над 100 милиони гледачи.Емисијата е поставена и на youtube кој ќе и донесе доплнителна афирмација на Македонија во целиот свет. А, за љубовта кон на ова посбено куче Крстевски напиша и книга која освен на македонски е преведена и на англиски јазик.

извор: МРТ

You May Also Like