Денеска беа назначени нови директори, во четирите Јавни установи од областа на културата под ингеренции на Град Скопје: Музеј на град Скопје, Библиотека „Браќа Миладиновци“, Детски културен центар „Карпош“ и Дом на културата „Кочо Рацин“.
Решение за директор со мандат од 4 години, ќе добијат Љубица Кондијанова за директор на ЈУ Музеј на Град Скопје, Бранко Цветкоски за директор на ЈУ Библиотека „Браќа Миладиновци“, Ружа Ѓорѓеска за директор на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ и Сафет Камбери за директор на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“.
Повеќе информации за биографиите на новоименуваните директори може да се добијат во релевантните институции, пренесуваат од Град Скопје.