Зоолошката со нови животни

Пар персиски леопарди (Panthera pardus saxicolor), познати исто така и како Ирански леопарди пристигнаа во Зоолошката градина.Леопардите доаѓаат од Зоолошката градина во Орса, Шведска.

Од Зоолошката пренесуваат дека новите жители за почеток ќе бидат сместени во затворениот дел од новото живеалиште наменето за нив, а од наредниот викенд ќе бидат пуштени и во отворениот дел.

Ирански леопард, е еден од подвидoвите на леопард, кој живее во западна Азија. Овој подвид е критично загрозен на целата негова распространетост низ Блискиот Исток.

Зоолошката градина ги известува своите посетители дека има нова принова кај лемурите. Зоо Скопје е побогата за едно мало лемурче.

Посетете ја Зоолошката градина и уживајте!

You May Also Like