Предводниците на есид-џез и фанк- движењето, разиграните “Џамироквај”, на чело со пејачот Џеј Кеј се придружуваат на главната сцена на фестивалот “Егзит 2011” кој годинава се одржува по дванаесетти пат, и ќе трае од 7-10 јули.
Еден од најголемите бендови наm 90-те, покрај плејадата хитови, на Петроварадинската тврдина пристигнува и со новиот, седми по ред студиски албум од ноември, лани „Камења, прашина, светло, ѕвезда“ (Rock, Dust, Light, Star). Камелеоните на светската поп сцена се формирани во далечната 1992, и експлодираат на сцената уште со првиот албум “Итен случај на планетата земја” (Emergency on Planet Earth).
Следните два албуми “Враќање на Вселенскиот Каубој” (The Return of the Space Cowboy), и “Патување без движење” (Traveling Without Moving) им ја донесоа светската слава, Греми награда и кариера која достигна продажба од над 25 милиони албуми. “Џамироквај” и по скоро две децении важат за еден од најенергичните и најинтересни концертни бендови на светот.
Диско-фанк сензацијата ја прави листата на годинешниот “Егзит” еден од стилски најразличните досега. “Џамироквај” се придружуваат на веќе најавените “Аркејд Фајр”, “Палп”, “Портисхед”, “Гриндермен”, “Андерворлд” и уште многу кој ќе бидат најавени во претстојните недели.
Автор: Љубица Поповска
______________________________________
Да напоменеме дека официјални Авалон продукција најави дека на 3 јули 2011 година на Националната арена Филип Втори ќе настапат Џамироквај. Уште една ексклузивна можност за уживање.