Свечено отварање на рекоструираниот Дом на култура во Свети Николе

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска, (недела, 18 декември 2011 година ), со почеток во 17:00 часот, ќе се обрати на свеченото отворање на целосно реконструираната локална установа – Дом на култура „Крсте Петков Мисирков”.

На отворањето, во Домот на културата ќе биде одржана и Свечена академија по повод одбележувањето на патрониот празник на градот Свети Николе.

You May Also Like