Работна средба во Театар Чекори

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски оствари средба со уметничкио раководител и претставници од театарот Чекори.

На средбата разговараа за долгогодишната меѓусебна соработка, успешно реализираните проекти на театарот, подршката која градоначалникот и општината им ја даваат за реализација на повеќе активности, како и за санацијата на објектот на Културниот Дом „Димитар Влахов“, каде е сместен театарот Чекори.

На средбата се разговараше и за соработка која би се проширила на меѓународно ниво на полето на културата, со општините од повеќе држави, со кои Општина Гази Баба е збратимена.

You May Also Like