Во текот на вчерашниот ден (четврток, 02 јуни 2011 година) Зоолошката градина Скопје се збогати со три нови видови на мајмуни.
Истите се донација од Зоолошка градина Барселона, Шпанија.Се работи за 9 единки од родот на мајмуни, од три различни видови и тоа:
– 2 сијаманг
– 4 тамарини
– 3 пигмејски мармозети
Животните се сместени во новите живеалишта, но поради технички причини посетителите сега ќе може да ги видат само сијаманг мајмуните. Во текот на следната недела ќе може да ги видат и мармозетите и тамарините. Се замолуваат посетителите за разбирање и трпение.
Инаку, тамарините и мармозетите спаѓаат во фамилијата Callitrichidae, фамилија на мали мајмуни, слични на верверичките, и водат потекло од Јужна Америка. Тоа се најмали мајмуни на светот. Должината на телото им е од 12 – 35 сантиметри, со опаш долг 15 – 45 сантиметри и тежина на телото од 120 – 600 грама. Најмал претставник воопшто е пигмејскиот (џуџест) мармозет кој тежи само 130 грама.
Сијамангот е најголем гибон, со црна боја на крзното, познат по неговото силно пеење.
Воедно, Зоолошката градина со жалење би сакала да ги извести граѓаните дека неодамна почина бенгалската тигарка Лола. Лола беше родена 1993 година во Зоо Белград, од каде пристигна во 2003 година.