За прв пат, под отворено небо, ќе се чествуваат двата празника Свети Трифун и Свети Валентин. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вечер (14.02.2011 година), во 20 часот, на Плоштадот Македонија, ќе ги поздрави присутните.
Ова е последен ден од четири дневната Манифестација „Валентин за Трифун“, што годинава се одржува прв пат, а се отвори во петокот на 11.02.2011 година. Покровител на настанот е Град Скопје, а Манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Млади за Европа“.
Во рамки на културно-забавниот дел, вечер ќе настапуваат повеќе музички групи и артисти меѓу кои: Чалгии, Ориент експрес, Ренесансери, Венко Серафимовски и Валентин 4 Трифун бенд и Гоце Арнаудов.