Фрлени 10 тони сол на скопските улици

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатава ноќ и во текот на утрово интервенираа на критичните точки на градските сообраќајници и фрлија околу 10 тони индустриска сол за да се спречи појавата на голомразица.

Градските екипи интервенираа на сите мостови, клучките „Континентал“, „Детелинка“ и клучката кај Ченто, надвозниците, подвозниците, високите зони кон Водно, Пржино, Железара и кон Радишани и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје за зимско одржување се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините.

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат на законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти.

You May Also Like