Интервју: Terence Fixmer [Gigolos, DataPunk, Prologue]

Французинот Terence Fixmer минатиот месец имаше настап во скопскиот клуб Хард Рок. Неговата прва посета овде беше во склоп на De:France, дел од De:Sonanz фестивалот.

Само неколку часа пред неговиот настап во Скопје, Terence Fixmer поразговара со Андреј Анчевски околу неговите актуелни проекти, настапите во живо и моменталната состојба на електронската сцена

1. Здраво Теренс, пред да дојдеш во Скопје на Твитер пиша дека не знаеш каде е Македонија, па кои се твоите очекувања за оваа журка?

Хахах, па да.. не се преправам дека знам каде се сите земји во светот, па кога мојот букинг агент ме праша дали сакам да настапувам во Македонија првата работа која го прашав е каде е тоа, па ја најдов Македонија на картата и еве, сега сум тука! 🙂

2. Вечерва настапуваш во живо, па со оглед дека долго време продуцираш, а твојот последен албум “Comedy of Menace” е малку поспор… дали планираш да настапуваш со исклучиво нов материјал или да комбинираш со твојата постара електро продукција?

Па пред се мислам да настапам со нов материјал… имав два албуми за Жиголо [International Deejay Gigolo Records] со музика која беше повеќе како моќно и електро со EBM елементи, но тоа беше навистина одамна а сега мојата музика е многу побавна, околу 128 BPM но сеуште е прилично мрачна… мрачно техно со хипнотични звуци

3. Каква опрема користиш за твојот настап во живо?

Јас долго време правам музика и настапувам во живо… уште од 1998 мислам, па имам сменето неколку различни сетапи и парчиња опрема, но носењето големи парчиња хардвер беше голем проблем, премногу килограми! Сега користам дигитален сетап кој во основа се состои од мојот лаптоп, миди контролери, неколку ефектори и тоа е сосема доволно за мене.

4. Неодамна размени ремикси со Brendon Moeller, артист познат по своите даб техно продукции. Дали овој звук е една нова насока која ти го привлекува вниманието во последно време?

Навистина го сакам тој звук и ги сакам продукциите на Brendon Moeller… тој неодамна направи ремикс на мојата песна Things Are Over, а јас ремиксував една од неговите песни [Just A Ride] направени под проектот Echologist за Steadfast.

5. Низ текот на твојата кариера имаш изданија за издавачки куќи како International DJ Gigolos, Electric Deluxe и многу други, но дали размислуваш за своја издавачка куќа?

Да, всушност имам моја издавачка куќа, тоа е Planet Rouge, но подолго време е неактивна, па планирам да ја реактивирам со ново издание планирано за февруари оваа година!

6. Соработуваше со Даглас МекКарти од Nitzer Ebb за два албуми, дали оваа соработка ќе продолжи во иднина?

Да, но се сега, долго време работевме заедно но сега се фокусирам на мојата техно продукција… во моментов соработувам со Claudio PRC за издание на Prologue, тоа е една нова трака којашто вечерва за првпат ќе ја тестирам како дел од мојот настап во живо. Соработката со Мекарти веројатно ќе продолжи во иднина…

7. Сеуште живееш и работиш во Лил така?

Да, моето студио е таму и не планирам да се селам… Задоволен сум со моето студио и животото таму.

8. Кога соработуваш со други артисти, дали работите таму во твоето студио или работите на други места?

Па… со Даглас МекКарти работевме во моето студио во Лил, а соработката со Claudio PRC ни е виртуелна, на долги релации… не работиме заедно во студио, па мене ми е сеедно, што и да функционира!

9. Низ твојата кариера имаш 4 долгосвирачки албуми и безброј EP изданија, кој формат на правење и издавање музика го преферираш?

Хм… мислам дека повеќе сакам да работам на албуми бидејќи за мене е лесно да ја изразам одеднаш целата моја креативност и да работам на повеќе траки истовремено за еден концептуален албум, па мислам дека повеќе сакам да правам албуми

10. Кога не работиш во студиото, каква музика слушаш?

Па воглавно преслушувам нови изданија, знаеш – техно и електронска музика и разни траки као луѓе ми ги праќаат како промо-копии, понатаму… музика која ја пуштам во моите DJ сетови – да, мислам дека главно се фокусирам на клубската музика

11. Кои се твоите погледи за моменталната француска електронска сцена?

Не знам многу за тоа што се случува околу мене, воглавно се фокусирам на мојата музика… очигледно е дека минатите неколку години се разви тренд на електро-рејв и ствари како Boys Noize, но мислам дека во моментов техното станува многу популарно и има многу добри нови но и стари артисти кои прават техно… па да, техно!

12. Дали порасна слушајки електронска музика?

Да, многу од раната електронска музика, главни влијание ми беше белгискиот њу-бит околу 1988… а претходно EBM и индастриал музиката… бендови како Front 242 и Nitzer Ebb и раната електро музика од тоа време

13. На што работиш во моментов, дали 2011 ќе биде продуктивна година?

Во моментов правам повеќе ремикси… направив еден ремикс на Detroit Grand Pubahs, еден за Sian, сега еден за Sei A, па ќе имам ново издание за Prologue и едно на Turbo

14. Последно прашање – кои се твоите омилени места за настапи? Имаш ли омилен клуб и кои се најбитните работи кои ти оставаат најголем впечаток кога за прв пат настапуваш некаде?

Сакам да настапувам надвор од Франција… јас сум французин и сакам да настапувам во други земји, сакам да патувам и цело време да посетувам нови места… а за тоа што е најбитно… па вообичаените работи – добар звук, фина публика… добра атмосфера за зааба… тоа е тоа, да!

Интервју: Андреј Анчевски

p.s. Интервјуто на англиски може да се најде на http://skclubbing.com/wp/2011/02/14/ekskluzivno-intervju-za-skopjeclubbing-so-terence-fixmer/”

You May Also Like