Денес, (вторник 26 јули 2011) на програмата на Бит Фест – Битола, ќе може да проследите:
20:00 часот НУ Народен театар Театарска претстава ,,Обична приказна” од Марија Ладо во режија на Љупчо Ѓоргиевски
,,Обична приказна” на многу едноставен начин зборува за смислата на човековото постоење, за заборавените и потиснатите вредности заради кои единствено вреди да се живее. Тоа е приказна за љубовта која не е привилегија само на човекот, туку право и на животните. Токму таа љубов, чиста во својата есенцијална форма го потсетува човекот на заборавените животни вредности и му помага тие повтопрно да излезат на површина како би се спасил од самиот себе – вели Љупчо Ѓоргиевски.
Битолскиот народен театар со претставата ,,Обична приказна” гостуваше во Торонто, Канада, а на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп на актерот Николче Пројчевски му беше доделена награда за најдобар млад актер. Пред една недела претставата беше одиграна во Куршумли ан во Скопје во рамките на Скопско културно лето. Во Битола, во рамките на битолско културно лето ќе се игра вторник и среда од 20.00 часот во НУ Народен театар Битола.
Превод од руски: Оливера Павловиќ, Асистент на режија: Јован Ристовски, Сценографија:Валентин Светозарев, Костимографија: Благој Мицевски, Музика: Марјан Неќак, Светло Илија Димовски.
Улоги:
Стопанот – Митко С. Апостоловски, Стопанката – Менка Бојаџиева, Даша – Маја Андоновска, Соседот – Борис Чоревски, Алексеј – Огнен Дранговски, Кобилата – Јоана Поповска, Кравата – Јулијана Стефановска, Свињата – Соња Ошавковска, Петелот – Никола Пројчевски, Кучето – Петар Спировски, Музички бенд Ливе Фиве Јасна Василева, Бојан Колевски, Александар Талевски
Суфлер: Радојка Динеска
Инспициент: Мирослав Лазаревски
21.00 часот Ѕвездена орбита на популарноста – Плоштад Магнолија
Збогатување на културниот живот во нашиот град и широка достапност на можноста за забава во текот на летниот период. Ѕвездената орбита на популарноста ги опфаќа сите млади луѓе кои сакаат да се забавуваат, но и постарата генерација која сака да ужива во убавата македонска музика. Најмладите пак ќе се забавуваат преку Ѕвездената орбита на популарноста посветена на детските песнички.
И оваа година, четврта по ред под ѕвезденото небо ќе продефилираат најпопуларните изведувачи на македонската музичка сцена од забавната, народната и детската музика. Манифестацијата е масовно прифатена од битолчани, но и од иселениците кои во летните месеци искористувајќи го годишниот одмор доаѓаат во посета на своите роднини и најблиските во родниот крај.
22:00 часот Филмски денови ,,See a Paris” – Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Магаза
„Албанска Хроника“ – Албанија филм на Артан Минароли филм кој на фестивалот беше избран за филм со најдобро сценарио.
По педесетите години под комунистичката администрација, каде што религиозната слобода беше забранета со закон, малиот албански провинциски град доживува повторно религиозно раѓање, при што христијаните и муслиманите продолжуваат мирно да живеат заедно.