Манифестација „Денови на Крале Марко 2011“

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, на 21.05.2011 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, свечено ќе ја отвори традиционалната манифестација „Денови на Крале Марко 2011“.

Манифестацијата „Денови на Крале Марко“ се организира со цел да се промовира Марков манастир и неговата околина, на еден поинаков начин, преку спојување и одржувањето на традицијата, негување на се она што како културно наследство ни го има оставено Крале Марко и неговиот брат Андреа и можностите за нивното користење во културни и туристички цели.

За збогатување со културно забавни содржини на оваа манифестација ќе учествуваат: група ученици од отсекот за традиционално пеење и игри Илија Николовски Луј, ансамблот Танец со сплет од игри, жонглерска група Фазбабл интерактивна забава , бендот на Џорлев со музицирање и поетот др. Марко Китески. Со оваа Манифестација посетителите, односно публиката ќе може да види и добие претстава за живеењето и она што до денешен ден останало од времето на владеењето на Кралот Марко.

Во склоп на манифестацијата предвидена е посета на манастирот-црквата „Свети Димитрија“ каде што се оддава почит на ктиторот – Крале Марко.

Досега оваа манифестација се одржуваше во кањонот Матка, пред платото на манастирот „Свети Андреа“, а оваа година за прв пат ќе се реализира во околината на Марков манастир и црквата „Свети Димитрија“.

You May Also Like