Групна изложба на Арт Визион во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 27 мај 2011 година (петок), во 19 часот, ќе се отвори групната изложба на здружението Арт Визион.

Ликовното здружение Арт Визион годинава го бележи своето петгодишно постоење, време во кое сериозно се наметнува на ликовната сцена.

Здружението Арт Визион собира уметници македонци, албанци, бошњаци, кои со својата креативност преку јазикот на своите дела станаа препознатливи.

Арт Визион има своја претстава, своја визија за презентирање на своите тудови пред љубителите на уметноста, но и за збогатување со веќе реномирани автори со што ќе се придонесе за квалитетно подобрување на самото здружение. На годишната изложба во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе бидат застапени дваесет автори со четириесетина дела работени во неколку ликовни техники: сликарство, скуплтура, графика и истата ќе трае петнаесетина дена.

You May Also Like