Изложба на Гоце Илиевски во Галерија 8

Трета самостојна изложба на младиот уметник Гоце Илиевски, која ќе се одржи во ГАЛЕРИЈА 8 – Безистен, утре вечер, (петок 12 август 2011 година) со почеток 22:00 часот.

Гоце Илиевски е роден на 08. 02. 1988 година во Скопје. Завршил средно Уметничко училиште „Лазар Личеноски“ насока сликарство. Дипломира сликарство со насока конзервација на Факултетот за Ликовни Уметности, во класата на Жанета Вангели. Во изминатиов период има реализирано две самостојни ( 2011 година – „Портрети“ – „МКЦ“ – Скопје, 2011 година – „Vernissage – Goce Ilievski“ – „Art Room Merikon“ – Виена ) и повеќе групни изложби (2009 година – „Групна изложба на студенти од ФЛУ“ – Истанбул, 2009 година – „Биенале на мала графика“ – Тетово, 2008 година – „Хуманитарна групна изложба“ – „Мала Станица“ – Скопје.

You May Also Like