Концертот ќе се одржи со почеток во 20:30 часот во Собата на клавирите во Завод и музеј – Битола.
Трајковска Билјана е родена 1989 година во Битола.
Своето музичко образование го започнува на 7 годишна возраст во класата пијано, а на отсекот соло пеење се запишува во средно училиште. По завршувањето на средното музичко училиште во родениот град таа заминува на студии во Софија, Р. Бугарија.
Сега таа е дипломиран музичар – соло пејач – при Националната музичка академијата „Проф. Панчо Владигеров“ во класата на Доцент и светски познатата мецосопранка Иванка Нинова.
Низ своето школување има постигнато многу успеси и претставување пред публика, главна женска улога во комичната опера „Слугинка господарка“ како Серпина, во операта “Лјубовен напиток” Адина; солист на концертот на државната филхармонија од Враца; солист со филхармонијата од Видин; со академскиот симфониски оркестар на Националната музичка академијата „Проф. Панчо Владигеров“; учестваше на Меѓународниот натпревар во Струга “Езерски бисери” 2010 год. каде ја доби наградата лауреат; итн.
Во моментот работи на припреми на операта “Љубовен напиток”- Доницети, која ќе се изведува во Р. Романија во месец Октомври, и продолжува со магистерски студии во Софија Р. Бугарија на Националната Музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“.
Стефан Јорданов Бојаџиев е роден на 22.09.1979 година во Варна, Р.Бугарија.
Започнува да свири на пијано на шест годишна возраст. Во 1998 год. завршува средно образование во училиштето “ДОБРИ ХРИСТОВ” во класата пијано. Како ученик се стекнува со две награди и тоа трета награда на конкурсот за чешка и словачка музика во 1997 година во Варна и втора награда на конкурсот за германска и австриска музика во 1998 год. во Бургас.
Во 1998 година се запишува на НМА “ПАНЧО ВЛАДИГЕРОВ” во Софија на теоретско – композиторски и диригентски факултет, за да во 2000 година се префрлува на отсекот хорско и оркестарско диригирање, и истовремено е корепетитор на оперски пејачи. Во 2008 година специјализира оперно-симфониско диригирање во Нов Бугарски Универзитет во Софија.
Од 2001 година па наваму работи како хор мајстор и диригент со различни состави, а и учествува на многу концерти ( како пејач или диригент ) во Р.Бугарија и надвор од неа.
Освен концертите со Акедемскиот симфониски оркестар на Музичката национална Академија “Панчо Владигеров” диригирал уште со: Симфониски оркестар–Пазарџик во 2002 год.;Софиски дувачки оркестарво2002 год.; Државна филхармонија Видин 2010 год. и др.
Во моментот работи како корепетитор во вокалниот факултет на Националната Музичка Академија во Софија.
____________________________________________
И вториот настан каде целна група се младите и и е насловен :
,, Металманиа – вечер со македонска рок музика “ кој ќе се одржи во Градскиот парк со почеток во 21:00 часот
.
„Металманија“ ќе биде посветена на македонската рок музика , каде се презентира македонскиот рок, и ќе се потсетиме на старите рок групи, но исто така и на актуелните. Целта на оваа вечер е запознавање и потсетување на младите луѓе за она што значи мак рок музика , кој се биле групите кој оставиле белег на нашата домашна сцена и се разбира последните 30 минути ќе бидат посветени на светската рок сцена .
Автор на овој настан како и учесник или ДЈ е Агим Џело водител и снимател во ТВ Тера Битола . На програмата на оваа телевизија со години наназад ја води и уредува емисијата Металманија посветена на рок музиката