Фестивал на француски филм во Охрид

Државниот секретар во Министерството за култура, г-нот Дарко Стефановски, денес (сабота, 2 јули 2011 година), со почеток во 19:30 часот во Центарот за култура во Охрид, ќе се обрати на отворањето на 4-тиот Фестивал на францускиот филм.


Фестивалот, кој ќе трае до 5-ти јули, свечено ќе биде отворен со проекција на филмот „Анонимни емотивци“ во режија на Жан-Пјер Америс, а публиката во наредните денови ќе може да ужива во повеќе краткометражни и долгометражни француски филмски остварувања.

You May Also Like