Денес (четврток, 28 јули) на Бит Фест

Денес, (четврток, 28 јули 2011 години) на програмата на фестивалот Бит Фест, ќе може да проследите:

„Каино јасно сонце“ од Бугарија доаѓаат во Галерија Магаза, во Битола  четврток 21:00 часот (влез слободен).

Креативен проект кој ги обединува музичарите на симболично патување, патување поврзано со чувствата на човекот кој истражува.  ,,Каино јасно сонце” од Бугарија го сочинуваат: Петар Делчев/ishia/ – тамбура, чело – тамбура и перкусии; Станислав Стојанов ,,Тони хоро” /Quantone/ перкусии; Веселин Митев/isihia/ – гајда, дудук, кавал: Владо Чифлиганов/ishia/ – гајда, дудук и дрвени дувачки инструменти.

Од 2007 година во бендот музицирале искусни музичари како: Павел Тарвински – вокал, Виктор Валков – пијано, Алексеј Цветанов – перкусии, Тодор Недев – гитара, Љубомир Брашненков – бас гитара, Петар Теодоров -перкусии.

Во својата програма в четврток планираат 7 точки: Родопа, Чакрк, Заник, Јаман, Кокуд, SMR, Нестинско оро.

Музиката е на Каино јасно сонце и традиција, а аранжманот на Каино јасно сонце.

09- 24 часот (продолжува) ,,Допрете го срцето на Македонија” Здружението на уметници ракотворци од Битола преку своите штандови поставени на Широк Сокак до втори август ќе им овозможува на граѓаните да се потсетат на историјата, на традицијата, на убавото, на големината на делата направени од вештите раце на ракотворците.

На овој традиционален настан покрај домаќините -ракотворците од Битола учество ќе земат и ракотворци од куманово, Пробиштип, Прилеп и други македонски градови.  Искористувајќи ги природните материјали ракотворците ќе претстават изработки од дрво, кожа, волна, стакло. Презентираниот накит, народните носии и останатите ракотворби една недела ќе не потсетуваат на минатото, на историјата, ќе не соочат со сегашноста и ќе го покажат вистинскиот спој на она што било некогаш со времето што доаѓа.

Изминатите години здружението може да се пофали со успешноста на умешноста низ моќта на рацете да се допре до срцето, до кое што не секој може да допре.  Не е доволно да се знае, потребно е да се почувствува убавината на она што ја прави една земја посебна.  ,,Допрете го срцето на Македонија” е ретка можност на едно место да се согледаат голем број специфичности и карактеристики на одделни делови на Македонија.

21:00 часот Театарска претстава ,,Златна Бубашваба на популарноста 6″ – ДС Солза и смеа – Антички театар Хераклеа (претставата која поради лошите временски услови беше одложена ќе се одигра в четврток на истата локација)

Драмското студио Солза и Смеа формирано на 27 Февруари 1996 година во Битола своите почетоци ги бележи како аматерско студио кое работи и функционира во рамките на Центарот за кулутра во Битола, со првата премиера за претставата Лонг плеј. Неколкуте години активна работа го подигнува нивото на студиото и претставите почнуваат да бидат се попосетени. Со неколку падови и воздигнувања, и неколку променети жанрови, низ Солза и Смеа поминаа неколку генерации на актери кои денес професионално се занимаваат со актерство низ театрите во Македонија.

Солза и Смеа денес е приватно драмско студио каде работаат и професионалци, насочено кон комедијата како жанр, односно урнебесната комедија која членовите на студиото ја негуваат во сите свои претстави дома, како и на фестивали во странство, каде студиото има земано голем број на награди и пофалби. Најнов проект на Солза и Смеа е хумористичниот ТВ серијал Златна Бубашвата, ТВ издание кое е гледано не само на локално ниво, туку и низ територијата на целата земја и странство.

Овој  четврток драмското студио Солза и смеа ќе го прослави својот 15 ти роденден.  Нивната театарска претстава која е во рамките на битолското културно лето веќе предизвика голем интерес не само кај битолчани, туку и кај сите кои слушнале за нив, а сега со нетрпение очекуваат да уживаат во најкомичното изненадување подготвено од овие млади креативни луѓе.

You May Also Like