Утре започуваат „Илинденски денови“ во Битола

Утре, (петок, 29 јули 2011 година) започнува 41. издание на  Фестивалот за народни песни и игри „Илинденски денови “.

На првиот фестивалски ден во 12:00 часот ќе се одржи „Семинар на традиционална музика и игра“ во малата сала на Центарот за култура Битола. На семинарот ќе учествуваат еминентни етнолози и музиколози познавачи на традицоналната македонска музика и фолклор. Свое излагање ќе имаат професорите Владимир Јаневски, Родна Величковска, Даворин Трпески и Благица Илиќ.

Првиот фестивалски ден продолжува во 18 часот со свечено Дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ на кое сите фолклорни групи кои учествуваат на фестивалот ќе прошетаат пред публиката на пет пунктови долж Широк сокак.

Првата фестивалска вечер „ Традиционална музика и игра“ и воедно свечено отварање е во 20:00 часот на Ракометното игралиште во Битола.

Илинденски денови е во организација на Центарот за култура и е дел од Битолското културно лето Бит Фест што го организира општина Битола и градоначлникот Владимир Талевски.

Напомена: Во случај на лоши временски услови сите закажни настани ќе се одржат во Големата сала на Центарот за култура.

You May Also Like