„Ругање со Христос“ со награда на Монтреал Ворлд Филм Фестивал

Филмот „Ругање со Христос“, кој деновиве е во центарот на вниманието на македонската јавност поради реакциите од страна на Министерството на култура и Агенцијата за филм, освои меѓународна награда.

На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42-то издание на Монтреал Ворлд Филм Фестивал, на филмот „Ругање со Христос“ му беше доделена Награда за иновативност.

Интересно е да се примети дека филмот во Канада е претствен како филм од Република Македонија, уставното име на нашата држава, име за кое се води постапка за негово менување.

You May Also Like