Трејлер и исечоци од филмот „Ругање со Христос“

Деновиве на големо се зборува за филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи, воочи неговото прикажување. Министерството за култура реагираше вчера преку ресорниот министер Адеми, сметајќи дека истиот не соодвествува со меѓуетничкиот соживот и дека истиот е скандалозен, затоа што во изборот на филмот и неговата реализација нема ниту еден Албанец.

Само пред неколку месеци истото се случи со серијата „Македонија“ на која не и беше овозможено телевизиско емитување, поради како што беше наведено, нареционално трошење на средствата, пробивање на роковите за прикажување, но и самата содржина.

Еве го трејлерот од видеото за оспорениот филм, а по него имате линк до уште едно видео со сцени од истиот филм, за кој се смета дека содржината е најспорна.

Второто видео со по експлицитна содржина, можете да го погледнете ТУКА.

You May Also Like