Лицето на насилството во училиштата

Проблемите предизвикани од насилство во училиште, не престануваат кога насилството ќе се спречи, покажало поново истражување, цитира MedicalXpress. Анализата е направена од универзитетот “Ставангер“ и од центарот за кризна психологија „Берген“ во Норвешка, и покажала дека жртвите имаат потреба од долготрајна помош.

Тормозењето во училиште се дефинира како долготрајно физичко или психолошко насилство од страна на една единка или група“.  Тоа е насочено кон лице, кое не може да се заштити во даден момент. Тие чувства можат да предизвикаат сериозни траги на депресија врз жртвите.

Истражувањето е објавено во магазинот Journal of Abnormal Child Psychology. Тоа покажува до каков степен учениците имаат лоши спомени и манифестираат заштитно однесување дури и неколку години откако го напуштиле образованието. Овие симптоми укажуваат на пострауматичен стрес и растројство.

Трауматичните доживувања кои биле создадени за време на насилство, често ги тераат луѓето да страдаат повеќе, можат да предизвикаат сериозни проблеми со концентрацијата, имаат негативен ефект врз нормалното секојдневие на децата и се пречка за водење исполнет живот“.

Психолозите вклучени во овој проект се надеваат дека резултатите ќе им помогнат на децата, жртви на тормозење, да добијат долготрајна поткрепа, од која имаат потреба. Тука одговорноста на родителите не е ограничена само на спречување на агресијата. Тие треба да го следат и нормализирањето на жртвата. Впечатокот на психолозите е дека, поддршката која ја добиваат децата, не е адекватна.

-Во некои училишта се посветува преголемо внимание на тоа, да се спречи тормозењето и да се пружи помош на жртвите. Но сето тоа трае многу кратко, и иако насилството го нема, пострауматичниот стрес останува за подолго време кај некои деца.

Најлошото насилство е премолченото насилство

Од каде доаѓа насилството во нашите училишта,на што се должи и дали правилно реагираат возрасните-учители и родители, на агресијата? Во Македонија, како насилни се сметаат само нај-екстремни случаи, додека полесните форми од него, се занемаруваат. Ако во светот 7 од 10 деца се сретнале со тормозење на училиште и агресија, во Македонија веројатно ситуацијата не е многу поразлична.

Според повеќе анализи, мал е процентот на агресивна активност и тормоз извршена во учиштата,од надворешни фактори.Со други зборови, училиштето не е објект на надворешна закана, тоа само ги манифестира сите односи кои постојат надвор од него.Како економската ситуација, семејните конфликти, разликите во културните норми, корупцијата, без законието… Токму затоа, видеонадзорот и обезбедувањето не помагаат.

Зголемувањето на агресијата и тормозењето во училиштата е феномен од светски рамки. Лицето на насилството во Македонското училиште, е се помногубројно-од удрен шамар, тепање, закани, подигрување, прекорување и клетви, па се до порафинирана агресија како кибер насилство, ширење на лоши гласови и трачарење, исклучување од пријателската средина…

Повозрасните ученици почесто демонстрираат некоја од формите на насилство врз помалите и послабите, отколку врз своите врсници. Најчесто жртви се страшливите и несигурните, чуствителните деца, кои реагираат со повлекување, немаат многу пријатели и се физички послаби. Исправени пред сопствената неможност да возвратат, тие ја губат својата самодовреба. Тоа ги прави лесен плен за децата склони да вршат агресија, кои ги избираат за да ја задоволат својата потреба од надмоќ.

Интересен факт е што мислењето дека момчињата вршат поголема агресија од девојчињата, во училишните средини е излитено. Тоа е точно и се однесува само на физичко тормозење, додека психичката агресија-навредливи зборови, изолација, изнудување, се еднакво распространети и кај момчињата и девојчињата.

Неофицијални анализи покажуваат дека од 65 од 85% од учителите не реагирале адекватно на појавите на тормозење. Само 35-55 % од децата кои преживеале тормоз или некоја полесна агресија, разговарале со родителите. Но, и децата свидетели на насилство, не споделувале, зошто ти е се „публиката“ ,и се плашат дека следниот ден ќе бидат објект на слична агресија.

Во прилог на оваа статија ви предлагаме да го погледнете документарниот филм Bully (Силеџија). Филмот го отсликува животот на пет семејства кои страдаат од тормозење во училиште.



Њу Јорк Тајмс пишува за него дека го претставува насилството во училиште не како обична случка, а како реален проблем, кон кој треба да реагира секое општество. Поради употребата на вулгарни зборови и сцените на насилство,филмот од Американската кино асоцијација е рангиран во категорија  R, кој го прави непогоден за деца под 17 години, т.е. тие можат да го гледаат само во присуство на родители. Ова решение покрена низа реакции од сериозни сајтови,блогови па дури и познати личности. Мерил Стрип, Џони Дeп, Џастин Бибер ставија потпис во петицијата против рејтингот на филмот.

Bully е сконцентриран врз осамениот и исполнет со стрес живот на 5 ученици, од различни држави во САД, во рамките на една учебна година.Тие се представници на различните убедувања на друштвото.Филмот ја отсликува и смртта на тинејџер,како разултат од тепачка од врсници.Интервјуирани се како жртвите така и учесниците. Самиот режисер бил измачуван како дете и тие спомени го провоцираат да го направи филмот.Таков е и мотивот на Мерил Стрип,со која често си поигрувале во гиманзијата.

„Тајмс“ го определува како достоен за Оскар, а списанието Ролинг Стоун, пишува дека Bully, го презентира токму она кое треба да го има секој документарец- да го претвори туѓиот проблем во твој личен.USA Today забележува дека продукцијата ја исправила публиката пред неверојатно тажни вистини,дека од него може да останете афектирани, но не безразлични.

Л.Ѓ.

You May Also Like